Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во изјавата во живо по нападот на Хамас, рече дека ги повикува опозициските лидери веднаш да формираат влада на национално единство.
Тој вели дека неколку палестински вооружени лица сѐ уште се во земјата и дека нападот врз Хамас во Газа „допрва почнува“.
– Најважно е да останеме смирени. Знам дека сите сакаме резултати токму овде, токму сега, но ќе биде потребно извесно време. Ви ветувам дека на крајот од војната, нашите непријатели ќе знаат дека напаѓањето на Израел беше ужасна грешка – рече израелскиот премиер.
Нетанјаху, исто така, ги обвинува вооружените лица на Хамас за убиство на деца со лисици на рацете.
– Секое место каде што дејствува Хамас ќе биде претворено во урнатини. Ова веќе се случува и ќе продолжи да се случува – истакна Нетањаху.
Тој додаде дека САД го поддржуваат Израел на „секој начин“ и дека „непријателите на Израел разбираат што значи тоа“.
– Сите наши непријатели ќе знаат дека беше страшна грешка да се нападне Израел. Она што ќе го направиме во следните неколку дена ќе одекнува со генерации – се закани израелскиот премиер.