Ива Пројковска, најдобрата македонска фудбалска судијка доби големо признание и ќе го суди реванш натпреварот од женската Лига на шампиони помеѓу Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.
Натпреварот помеѓу двата европски гигант се игран а 18. октомври во Париз. Во овој дуел на Пројковска ќе и помагаат Елена Соклевска-Илиевски и Вјолца Изеири, а четврта судијка ќе биде Ирена Велевачкоска-Ристевски.
За Пројковска која е рангирана меѓу најдобрите 20 женски фудбалски судијки во Европа, ова ќе биде првпат во кариерата да му суди на Манчестер јунајтед, додека на ПСЖ еднаш веќе му судеше.