Догогодишниот дописник на Би-Би-Си од Газа, Ружди Абу Алуф, изјави дека оваа ноќ била најтешката во последните 20 години од неговото известување од крајбрежниот појас што се граничи со Израел.
Во неговото сведоштво за состојбата во областа које е на удар на израелските воздушни напади како одговор на нападите на Хамас во Израел, Абу Алуф вели дека Газа е речиси непрепознатлива.
– Бев во областа на градот Газа каде што беа уништени повеќето згради. Имаше застрашувачки звуци на експлозии, експлозии на небото и чад и пламен во текот на ноќта. Живеам во станбена зграда со околу 20 семејства. Децата врескаа цела ноќ и никој не можеше да спие. За 20 години известување од оваа област, минатата ноќ беше најлошата на која сум бил сведок – вели Абу Алуф.
По ужасната ноќ, кога се разденило, новинарот успеал да излезе од зградата.
– Успеав да излезам утрово. Возев насекаде низ урнатините. Згради се уриваат на улици, а цели населби се срамнети со земја. Уништени се владини и универзитетски згради, инфраструктура, џамии и полициски станици. Препознав некои од зградите. Но, некои не можете ни да ги препознаете поради обемот на уништувањето во овој дел на Газа-вели дописникот на Би-Би-Си.