More

    Седуммина осомничени се уапсени за производство на марихуана, претресите се во тек

    spot_img

    Седум лица се уапсени под сомнение дека на територијата на Австрија, Србија и Босна и Херцеговина произведувале марихуана, а во тек се претреси на повеќе локации.

    По наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал во соработка со СБПОК, по повеќемесечна предистражна постапка на територијата на Србија денеска од слобода се лишени седум лица и тоа: И.С., Н.З, А.Д., Г. .Ч., Р.Д., С.Д и М.Р. (еден осомничен не е затекнат на адреса), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, се вели во соопштението на Обвинителството за организиран криминал.

    Како што се додава, оваа организирана криминална група, чиј организатор е И.С. во периодот од средината на 2021 година до денес, неовластено произведувал наркотична дрога марихуана во различни градежни објекти (лаборатории) на територијата на Австрија, Србија и Босна и Херцеговина.

    Во тек се претреси на повеќе локации на територијата на Србија. Само во Суботица денеска во една од лабораториите се пронајдени околу 500 растенија канабис во различни фази на растење, се вели во соопштението на Обвинителството за организиран криминал.

    Во рокот предвиден со законот, полицијата со кривична пријава ќе ги донесе осомничените во Јавното обвинителство за организиран криминал, по што ќе бидат на распит.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img