More

    Запленети 5 килограми сребрен накит и бижутерија на Меѓународен Аеродром Скопје

    spot_img

    Околу пет килограми сребрен накит и бижутерија се запленети од страна на царински службеници на Меѓународниот Аеродром Скопје откако странски државјани не го пријавиле накитот со што направиле прекршок на царинските регулативи.

    Во едниот случај станува збор за четири килограми сребрен накит и бижутерија што британски државјанин, инаку сопственик на продавница за накит се обидел да ги изнесе од државата, без притоа да ја декларира стоката од комерцијален карактер кај царинските службеници. Накитот е откриен при контрола на рачниот и дополнителниот багаж којшто е побаран од страна на царинските службеници по увид на картата на патникот.

    Во вториот случај, на влез во државата, запленети се 123 парчиња сребрен накит откриени по контрола на патник, инаку турски државјанин, кој патувал од Истанбул.

    Царинската управа и натаму во рамки на своите надлежности спроведува активности за поддршка на легалната трговија и сузбивање на сивата економија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img