Палестинскиот амбасадор во Русија Абделхафиз Нофал изјави дека во тек се подготовките за посетата на палестинскиот претседател Махмуд Абас на Москва.
– Одржуваме секојдневни контакти со Москва. Сега се во тек подготовките за посетата на претседателот Абас на Москва – изјави амбасадорот на новинарите во понеделникот, одговарајќи на прашањето дали се можни официјални контакти меѓу Палестина и Русија во блиска иднина.
Како што изјави дипломатот, палестинската страна го цени ставот на Русија за палестинско-израелското решение, пренесува РИА Новости.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека е неопходно итно да се запре крвопролевањето меѓу Израел и Палестина и ги повика страните да ги прекинат непријателствата.
– Москва е заинтересирана за безбедноста и на Израел и на Палестина, додека Вашингтон се обидува да го монополизира посредувањето во палестинско-израелскиот конфликт и да го одврати дијалогот од спроведувањето на одлуките на ОН и создавањето на палестинска држава – рече Лавров.
Шефот на руската дипломатија на средбата со генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абу ал-Геит во Москва укажа на клучната улога на Русија и арапските земји во изнаоѓањето начин за мирно решавање на ситуацијата.