More

    Воен портпарол: На израелска територија пронајдени 1.500 тела на екстремисти од Хамас

    spot_img

    Портпаролот на израелската војска Ричард Хехт изјави дека 1.500 тела на екстремисти од Хамас биле пронајдени на израелска територија откако армијата ја вратила контролата врз поголемиот дел од југот на земјата.

    Хехт и главниот воен портпарол Даниел Хагари изјавија дека од понеделникот вечерта, ниту еден борец на Хамас не влегол во Израел, иако нивниот влез се уште е можен.

    Израелските воздушни напади синоќа како одмазда за ненадејниот напад на Хамас во саботата наутро го нападнаа населбата Римал во градот Газа, каде што се наоѓаат министерствата и владините згради.

    Жителите беа предупредени да се евакуираат пред нападот преку социјалните мрежи, рече Хехт, без да даде дополнителни детали.

    Тој навести дека Палестинците можат да одат преку граничниот премин Рафах кон Египет, но не објасни каде ќе одат и како, бидејќи преминот повремено е затворен, пренесе АП.

    Појасот Газа е под блокада од Израел и Египет откако Хамас насилно ја презеде контролата врз територијата од ривалскиот, поумерен Фатах.

    Израел вчера објави целосна опсада на Појасот Газа и дека нема да има снабдување, струја, ниту испорака на храна и гориво за таа мала енклава во која живеат 2,3 милиони жители.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img