Израел целосно воспостави контрола над границата со Појасот Газа, соопшти армијата.
Воениот портпаролот рече дека не биле пријавени дополнителни инфилтрации во изминатите 24 часа и нема докази за прекугранични тунели, јави военото радио.
Израелската армија денеска ги советуваше Палестинците од Појасот Газа, кои бегаат од нејзините воздушни напади, да се упатат кон Египет.
– Свесен сум дека преминот Рафа (меѓу Појасот Газа и Египет) е сè уште отворен. Секој што може да излезе, би го советувал да излезе изјави потполковникот Ричард Хехт на утринскиот брифинг, пренесоа британските медиуми.