More

    Гоце Здравковски од Свети Николе бара помош од компании или граѓани кои би можеле да му помогнат да изгради нов дом откако куќата му изгорела во пожар пред 2 години

    spot_img

    Гоце Здравковски од Свети Николе бара помош од компании или граѓани кои би можеле да му помогнат да изгради нов дом откако куќата му изгорела во пожар пред 2 години.

    – Немам ни тоалет, ни фрижидер. Никакви услови за живот. Пред две години куќата се запали од греалка и речиси сѐ ми изгоре. Среќа имав што преживеав, но останав со потешкотии во дишењето поради вдишаниот чад – вели Гоце кој работи како чувар, но со платата вели дека не може да постигне да го обнови домот и да си овозможи пристоен живот.

    Вели дека сѐ уште има трауми од пожарот и дека поради тој стрес има проблем и со спиењето.

    По пожарот му помогнале граѓани кои му донеле тросед, шпорет, телевизор, но тој вели дека наскоро можеби ќе остане и без струја зашто му се натрупале неплатените сметки.


    Гоце Здравковски од Свети Николе

    – Ми помогна Општина Свети Николе со 3.000 денари еднократна помош и со 30.000 денари за материјал, но за жал тоа не е доволно. Купив мрежи и железо, најдов луѓе што ќе работат бесплатно, но ми фали уште материјал – вели Гоце и замолува кој може на каков било начин да му помогне пред почетокот на зимата.

    А му треба речиси сѐ од домаќинство, градежен материјал и облека.

    Неговата сметка во Халк банка е 270700000999437, а адресата е ул. Карпошова бр.25, Свети Николе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img