More

    Египет го предупреди Израел дека доаѓа голем напад

    spot_img

    Претставник на египетското разузнавање вели дека Египет, земја која честопати дејствувала како посредник меѓу Израел и Хамас, постојано разговарала за „нешто големо“ со Израелците.

    Тој вели дека израелските власти биле фокусирани на Западниот Брег и ја игнорирале заканата од Газа. Патем, владата на Нетанјаху е составена од поддржувачи на еврејските доселеници од Западниот Брег, кои побараа безбедносни мерки за сузбивање наспроти растечкиот бран на насилство таму во последните 18 месеци, пишува The Times of Israel.

    Израел не е популарен меѓу многу Египќани
    „Ги предупредивме дека доаѓа експлозија на ситуацијата, и тоа многу брзо, и дека ќе биде голема. Но, тие ги потценија таквите предупредувања“, вели функционерот, кој сака да остане анонимен бидејќи не е овластен да зборува со медиумите за содржината на чувствителните разузнавачки разговори.

    Египет стана првата арапска земја што склучи мир со Израел во 1979 година, но политиката на Израел кон Палестинците го прави непопуларен кај многу Арапи. Да потсетиме, вчера полицаец уби двајца израелски туристи и нивниот водич во египетскиот град Александрија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img