More

    (ВИДЕО) Вознемирувачко: Посетителите на фестивалот го опишуваат масакрот на Хамас: Како хорор филм

    spot_img

    Возбудените музички фанови го чекаа фестивалот Супернова, кој се одржа во пустината во јужен Израел за да се совпадне со еврејскиот фестивал Сукот.

    „Време е целото семејство повторно да се собере. Колку забавно ќе биде! напишаа организаторите на социјалните мрежи пред почетокот на фестивалот.

    Само неколку часа подоцна, нивните страници на социјалните мрежи беа преплавени со објави на очајни луѓе кои се обидуваа да најдат сакани, откако палестинските милитанти упаднаа на фестивалот и отворија оган како дел од големиот ненадеен напад врз Израел, пишува Би-Би-Си.

     

    Наводно, повеќе од 260 тела се извлечени од местото на фестивалот, според агенцијата за спасување Зака.

    Еден од присутните, по име Ортел, рече дека првиот знак дека нешто не е во ред е кога се огласи сирената пред зори, предупредувајќи за ракети. Очевидци велат дека ракетите набрзо биле проследени со истрели од огнено оружје.

    „Тие ја исклучија струјата и одеднаш милитантите влегоа од никаде пукајќи, отворајќи оган на сите страни“, изјави тој за израелскиот Канал 12.

    „Педесет терористи пристигнаа со комбиња, облечени во воени униформи. Луѓето се обидоа да избегаат од местото на фестивалот, трчаа преку песокот, седеа во автомобили“, рече тој. Посетителите на фестивалот рекоа дека имало и џипови полни со вооружени мажи кои пукале во автомобилите.

    Фестивалот, со три бини, простор за кампување и храна и бар, се одржа во пустината Негев, во близина на Кибуц Реим. Местото на фестивалот е недалеку од Појасот Газа, од каде борците на Хамас го започнаа својот напад во зори. Тие извршија рации во градовите и селата и зедоа десетици луѓе како заложници.

    Посетителот на фестивалот, Адам Барел, изјави за Хаарец дека сите во рејвот биле свесни за можноста од ракетен напад во областа – но дека пукањето било шокантно. Како и многу други, тој се обидел да избега со својот автомобил, но вооружените напаѓачи пукале кон нив, па тој излегол и почнал да бега.

    Естер Борочов за Ројтерс изјави дека возела од фестивалот кога автомобил удрил во нејзиното возило. Млад човек во друг автомобил и рекол да влезе во возилото, а откако таа го направила тоа, тој бил застрелан од непосредна близина. Естер изјави за Би-Би-Си дека се преправала дека е мртва додека не била спасена од израелската армија.

    Многу посетители на фестивалот, како Ортел, поминуваа часови криејќи се во блиските грмушки и овоштарници, надевајќи се дека војската ќе пристигне и ќе ги спаси. „Го спуштив мобилниот телефон и почнав да лазам низ овоштарникот. Се пукаше над мене, минуваа куршуми, жив оган“, изјави Ортел.

    Џили Јоскович за Би-Би-Си раскажа како се сокрила во овоштарник. „Тие пукаа од дрво на дрво. Видов луѓе како умираат. Бев многу тивка, не плачев… По три часа ги слушнав гласовите на израелските војници, па истрчав на безбедно“, рече таа.

    Друг сведок на настанот за Канал 12 изјави дека се изгледало како хорор филм кој траел неколку часа. „Трчавме како луди, беше лудо“, рече тој. „Тоа беше масакр“, рече Јанив, болничар од брзата помош кој беше на фестивалот.

    „Никогаш не сум видел вакво нешто во мојот живот, тоа беше заседа. Луѓето излегуваа преку излезот за итни случаи, а таму ги чекаа терористичките одреди и тие само ги киднапираа“, изјави Јанив за јавното радио и телевизија Кан њуз. .

    „Имаше 3.000 луѓе на настанот, така што веројатно знаеја. Имаа информација“, додаде тој. Пријателите и членовите на семејството на исчезнатите од фестивалот сега очајно се надеваат дека ќе ги најдат.

    Меѓу исчезнатите се Британецот Џејк Марлоу (26), кој работел како обезбедување на фестивалот и германската туристка Шани Лук, чија мајка верува дека е киднапирана. Се верува дека е киднапирана и 25-годишната Ноа Аргамани, велат нејзиното семејство и пријателите. Нејзиниот пријател Амит Папара изјави за Би-Би-Си дека и праќал пораки на 25-годишната девојка додека таа се криела.

    “Последната порака што ја добив од неа беше околу 8:30. Подоцна видов на социјалните мрежи дека е заробена. Видов како ја одземаат од нејзиното момче”, рекла таа.

    Родителите на 23-годишниот Американско-израелец Херш Голберг-Полин го бараат и нивниот син, кој бил таму откако го прославил роденденот. Тие за Jerusalem Post изјавија дека во саботата наутро од него добиле две кратки пораки на кои пишувало „Те сакам“ и „Жал ми е“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img