Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо нема да го спаси ниту тоа што е една од најпознатите личности во светот, откако ги прекршил законите и бил казнет со 99 удари со камшик.
Пред три недели Роналдо со Ал Наср гостуваше во Техеран, а пред натпреварот се сретна со Фатима Хамами Насрабади од Иран која е позната по тоа што изработува слики со нозе.Медиумите од Иран пишуваат дека Роналдо бил казнет со 99 удари со камшик, затоа што ја прегрнал и бакнал Фатима.