Томи Хас, некогаш вториот тенисер во светот, а сега директор на турнирот во Индијан Велс, со ентузијазам зборуваше за Новак Ѓоковиќ и неговата желба да победи и да успее, дури и во доцните играчки години.
Тенисерот од Србија пристигна во Њујорк со 24. Грен слем трофеј, моментално е прв на АТП листата и се уште не размислува интензивно за пензија.
„Луѓето знаат колку е тешко да се биде на самиот врв, особено сега кога тенисерите играат подолго и подолго. На пример, Пит Сампрас и Борис Бекер ја завршија кариерата на 30 години, а Ѓоковиќ е гладен како тинејџер на 36 години. Тоа е неговиот менталитет“, истакна Хас.
Германецот посебен акцент стави на воспитувањето на Новак и на мотивите што ги имаше тогаш.
„Кога ќе ја слушнете неговата приказна за војната и неговите соништа да му даде подобар живот на своето семејство… Тоа не можете да го научите, или го имате или го немате.
Ѓоковиќ до крајот на сезоната ќе игра на Мастерсот во Париз и на завршниот Мастерс во Торино, но и на Дејвис купот под знамето на Србија во Малага.