Мадона ги загрижи обожавателите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бизарната снимка на ТикТок ги навела следбениците на Мадона на споменатата социјална мрежа да се запрашаат дали е сè во ред со поп-иконата.

Славната 63-годишна поп-кралица не присуствувала на доделувањето на Греми наградите, а наместо тоа се вклучила на социјалните мрежи, каде што нејзиновите гестикулации и изглед јасно укажуваат на претерана консумација на марихуана.

Снимката од 13 секунди предизвика масовна загриженост помеѓу обожавателите на поп дивата, но и згрозеност.

 

„Нема да лажам, ова многу ме преплаши“, „Дали се чувствуваш добро?“, „Жено, соземи се“, „Дрогата ќе ѝ се одбие од глава“ „Ужасно изгледаш“, „Се молам за твој спас“, „Овие 13 секунди не се за малолетни лица“, се само некои од коментарите на сметка на бизарното видео.

Мадона со црвени очи, подуено лице, неартикулирани движења се навалува во објективот на камерата додека во позадина се слуша нејзиниот голем хит „Frozen“.

Да потсетиме, поп иконата неодамна објави нов ремикс на споменатиот хит, кој првично беше објавен пред 25 години. Изгледот на Мадона ги изненади сите во видеото, бидејќи изгледаше зачудувачки младо.

ФОТО: ТикТок

Share This Article