Пензионерите од Неготино излегоа на протест со барање за покачување на пензиите.
Тие ги блокираа влезот и излезот на Неготино и бараат линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари за сите, а минималната пензија да биде 18.000 денари.
Полицијата е на местото на протестот за да го регулира сообраќајот, а возилата се пренасочуваат кон алтернативни улици во градот.
Се пропуштаат само итни случаи.