More

    Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата не знае на каде тера

    spot_img

    Владата ја донесе листата на производи кои треба да се оданочуваат со 10% ДДВ наместо 5%. Тоа е трагичниот дел, затоа што во услови на највисока инфлација во изминатите децении, Власта го покачува данокот за 100%. Сега ќе ви го кажам и комичниот дел. Во листата на производи што од денес ќе биде со 10% наместо 5% ДДВ се наоѓаат и прехранбени производи кои се со замрзнати цени до 30 ноември оваа година – истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Значи, министрите во неколку дена за едни исти производи ги замрзнаа цените бидејќи се основни прехранбени производи, а во исто време ги ставија и на листа на луксузни производи. Има ли капетан на бродот или сидрото силно влече напред, ама кон дното?

    Се обидовме да ги разубедиме колегите пратеници од СДСМ и ДУИ да не и поддржат измените на законот за ДДВ предложени од Владата, но за жал нивната волја е киднапирана од извршната власт. Со измените на Законот се предвидува да ви се земат десетици милиони евра поради покачено ДДВ на храна.

    Пред мене имам листа на прехранбени производи кои Власта смета дека се луксуз и за кои ќе плаќате двојно повисок данок. Тука нема перка од ајкули, месо од делфин, кит ама замрзнатите теста, млечни и сирени намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдамер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази, ќе бидат дополнително оданочени. Поскапи ќе бидат и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи и нудли, кои станаа луксуз според Ковачевски, па народот ќе треба да ги плаќа поскапо.

    Поскапува и храната за децата, како гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините.

    Ова се производи од секојдневието на секој од нас, кои Власта одлучи да ги поскапи. Живее во време на двоцифрена инфлација изминативе две години која е особено висока кај храната и надминува 30%, а кај некои прехранбени производи и над 50%.

    – Ја повикуваме Владата уште денес да свика седница и да си ја коригира списокот и сите производи кои се дел од секојдневието на граѓаните и да ги врати со стапка на ДДВ од 5% – рече Стојаноски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img