More

    Вдовицата од Босна и Херцеговина се премажи и крена прашина во регионот

    spot_img

    Луѓето сакаат да гледаат драми, кавги, и јасно е дека можат да простат сè, само успех и среќа никогаш, вели Махира Ахмиш, вдовицата од Босна и Херцеговина која преку ноќ беше осудена во јавноста бидејќи се премажила. Таа претходно беше многу позната по својата доблест сама да се грижи за претходниот сопруг кој беше болен од мултиплекс склероза, болест на нервниот систем.

    Луѓето на социјалните мрежи беа восхитени дека Махира го носела сопругот на својот грб и дека сама го носела во лифт. Нивната приказна одекна на Балканот и стана симбол на сила и љубов, инспирација и пожртвуваност. Тој почина во март 2022 година, а година ипол дена подоцна Махира се премажи.

    – Јас не се омажив за пари или за медиумско внимание, туку бидејќи се заљубив и затоа што ми требаше маж кој ќе ми биде и поддршка и семејство. Сè е двојно полесно – рекла таа за новиот брак гостувајќи на телевизија.

    Дека е мажена, таа откри преку Инстаграм, објавувајќи свадбена фотографија на која позира со сопругот. Таа вели дека новиот сопруг е „награда за сите искушенија кои ги имав“.

    И додека едни ѝ го честитаа бракот и ѝ посакуваа среќа, имаше такви кои ѝ оставија злобни коментари.

    Тие ѝ замерија што се омажила по само година и пол, а имаше и такви кои велат дека се преправала дека го сака Есад, па затоа и го заборавила брзо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img