More

    Група професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје достави пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата за прекршување на Законот од страна на ректорот на Универзитетот, проф. д-р Биљана Ангелова

    spot_img

    Група професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје достави пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата за прекршување на Законот од страна на ректорот на Универзитетот, проф. д-р Биљана Ангелова.

    „Повеќегодишното неетичко и незаконско постапување на ректорот Биљана Ангелова има создадено простор за злоупотреба на службената положба и овластување за лична корист, на штета на репутацијата, интегритетот и работењето на најстариот државен Универзитет“ – се наведува во пријавата.

    Поднесувачите потсетуваат дека со Законот е регулирано дека избрано или именувано лице не може да врши функција на член на управен одбор или на друг орган на управување во трговско друштво или друго правно лице што се занимава со дејност со која се остварува профит.

    И покрај тоа Ангелова е член на управен одбор на приватна компанија во јавноста позната по брендот „Винчини“ и член на Надзорен одбор (орган на управување) на ХАЛК БАНКА АД Скопје.

    „Она што за академската заедница е особено страшно е што Биљана Ангелова, од позиција на проректор и сега ректор на Универзитетот вршела и врши настава и на приватни т.н. академии. Меѓу другото, Ангелова е обучувач на „Прогресив академија“ која е регистрирана како фондација, формирана од МАКПРОГРЕС ДОО Виница, во чиј Управен одбор членува лицето Ангелова. Според јавно достапните податоци, надоместот за упис на оваа приватна т.н. академија изнесува 1.900 евра. Евидентно е и заобколување на Законот за високо образование.

    Кај нас постои стравување од користењето на контактите и здружувањето за приватни и бизнис интереси како карактеристика на лицето Биљана Ангелова, што можат да се одразат или веќе се одразуваат на нашиот Универзитет.

    Истовремено, јавно ги повикуваме и сите други надлежни институции во државата да ги имаат предвид наводите во Пријавата на кои укажуваме и да постапат во рамките на своите надлежности за да се заштити Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – велат подносителите на пријавата кои во соопштението за јавноста не се потпишани со име и презиме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img