More

    Путин стои на своето

    spot_img

    Ставовите на рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина остануваат непроменети.

    Рускиот претседател Владимир Путин инсистира на својот став – Русија не ја започна војната во Украина, туку започна „специјална воена операција“ за да ја прекине, наведува новинската агенција Ројтерс. Путин ги кажа овие зборови на меѓународниот дебатен форум „Валдаи“ во Сочи.

    Тој рече и дека на Русија, инаку најголемата земја во светот, не и е потребна територијата на Украина. Според него, конфликтот не е империјален или територијален, туку прашање на глобален поредок. Тој оцени и дека Западот, кој ја изгубил хегемонската моќ и кој секогаш имал потреба од непријател, изгубил контакт со реалноста.

    Путин ја коментираше и ситуацијата во Украина, оценувајќи дека украинската контраофанзива однесе повеќе од 90.000 жртви од страна на украинската армија во изминатите четири месеци, и мртви и ранети. Според него, Украина загубила уште 557 тенкови и 1.900 оклопни транспортери, пренесува шпанската новинска агенција ЕФЕ.

    Тој оцени дека западните земји ќе продолжат со воената поддршка за Украина, но дека тоа само ќе доведе до влошување на економската ситуација. Без западните милијарди и оружје, Украина не може да опстане, додаде тој.

    Како што веќе пишувавме, Путин на дебатниот форум рече и дека на телата на загинатите во авионската несреќа заедно со водачот на вагнерската платеничка војска Евгениј Пригожин биле пронајдени фрагменти од експлозив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img