Во нападот на свеченото унапредување на офицерите на сирискиот режим загинаа „повеќе од сто лица, од кои половина дипломирани воени и 14 цивили“, а 125 се ранети, соопшти организацијата со седиште во Велика Британија, која во своите извештаи се потпира на широка мрежа на извори во Сирија.
Цивили и припадници на армијата загинаа во напад на воена академија во провинцијата Хомс во централна Сирија, соопшти сириското Министерство за одбрана во соопштение, додавајќи дека терористичките групи користеле беспилотни летала во нападот, пренесува Ројтерс.
Во соопштението не се наведува ниту една организација, и ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот. Сирискиот министер за одбрана присуствуваше на церемонијата на промоција, но си замина неколку минути пред нападот, изјави извор од сириските безбедносни служби и безбедносен извор во регионалната алијанса која ја поддржува владата во Дамаск против опозициските групи.