More

    Објавена е страшна снимка од моментот кога автобус падна од надвозник во Венеција

    spot_img

    Се појави видео од моментот кога автобусот падна од надвозникот во близина на Венеција. Во страшната несреќа загинаа најмалку 21 лице, а околу дваесет се повредени.

    Автобус со туристи излетал од надвозник и се запалил, соопштија локалните власти.

    Официјални лица рекоа дека возилото паднало на далноводи и се запалило околу 19:45 часот.

    „Огромна, бескрајна трагедија. Немам зборови. Апокалиптична сцена. Автобусот испаднал од надвозникот и се запалил. Излетал од патот. Падна од мостот. Не можете да замислите каква катастрофа е тоа“, изјави градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро за QN веднаш по несреќата.

    Во несреќата животот го загубија и новороденче од неколку месеци, момче (12) и уште едно малолетно девојче, изјави за Анса, Паоло Роси, координатор на локалната служба за итни случаи.

    Меѓу жртвите има и хрватски државјанин, јавија италијанските медиуми, наведувајќи дека се работи за млада жена која била бремена и била на меден месец со својот сопруг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img