На Националниот ден на 1 октомври, Кина отиде чекор подалеку во цензурата со бришење на фотографијата на атлетичарите Лин Јувеи и Ву Јани прегрнати по финалето на 100 метри со пречки на Азиските игри во Хангжу.
Причината, барем за нашите услови, е крајно бизарна. Откако Лин Јувеи го освои првото место, Јани дојде да и честита и тие се прегрнаа и камерите го фатија тој момент.
Фотографиите беа објавени во кинеските медиуми, како и на социјалната мрежа Веибо, но набрзо беа целосно отстранети или „отсечени“. Зошто? Затоа што Јувеи носеше број 6, а Јани број 4, што потсетува на датумот на 4 јуни, кога се случи масакрот на плоштадот Тјенанмен во 1989 година, пишува CNN.
Комунистичката партија решително цензурира и негира какво било спомнување на тој настан, иако стотици или илјадници луѓе загинаа, решени да го соборат режимот и да ја освојат демократијата во Кина преку политички демонстрации. Плоштадот беше преполн, според проценките се работеше за милион луѓе, на кои беа испратени војска и тенкови.
Официјална Кина се однесува како ништо од ова никогаш да не било дел од нејзината историја, но со вакви бизарни цензури само го потврдува спротивното. Овие цензури се особено изразени за време на националните празници, а секое спомнување на Тјенанмен е строго казнувано.