Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурата во текот на ден продолжува да биде невообичаено висока за овој период од годината, на југот од државата до 31-от степен, а утрото ќе биде свежо.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, која повремено ќе се зголемува. Максималната температура ќе се искачи до 27 степени.