Во земјава активни се 2 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, месност „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и е речиси невозможно за пристап на лица и за гаснење. Вчера интервенирала противпожарна екипа од ТППЕ Македонски Брод и од ЈП Национални шуми – подружница „Сандански“ Македонски Брод.
Вториот, се уште активен пожар, е во Општина Чашка, кај месноста „Изворите на Бабуна“, во реонот на с.Нежилово, што почнал околу 15 часот вчера и гори букова шума. За негово гаснење интервенирале противпожарни тимови од ЈП „Национални шуми“, подружница ,,Бабуна“- Велес.
Од ЦУК информираа дека вчера имало вкупно 18 пожари на отворен простор.