Меган Маркл е фрустрирана бидејќи принцот Хари сака да се пресели назад во Велика Британија за да се врати на својот стар живот, тврди холивудскиот експерт Марк Бордман за магазинот „ОК!“.
Бордман, меѓу другото, открил дека војвотката и војводата од Сасекс, кои го офрлија кралскиот живот во 2020 година, имаат различни мислења за тоа како би требало да изгледа нивната иднина.
„Изгледа дека се дистанцирал од пријателите од колеџот и нема постојано место за живеење во Британија. За време на посетата на Лондон тој најмногу престојува во хотели и избегнува јавни настапи. Без сомнение, принцот Хари копнее по своите стари пријателства“, рече тој, истакнувајќи дека Хари ги заменил своите стари пријатели со холивудски имиња кои го градат неговиот статус.
Но, тој додаде дека честите патувања во Лондон од Калифорнија за да се види со пријателите ќе значат дека Хари поминува време подалеку од неговата сопруга и нивните деца, што би било огромен удар за Меган, но и уште една причина зошто тој би можел да биде критикуван и повикан од медиумите.
„Меган е фрустрирана што Хари сака да си го врати стариот живот“, рече Марк и додаде: „Меган го сака Хари, но сака да ја истакне подобрата страна во него. И таа е сосема јасна за улогите што треба да ги преземат заедно и се обидуваат подобро да соработуваат на проекти. Луѓето се желни да бидат сведоци на трансформиран Хари, наместо враќање на неговиот поранешен стил на забава, што може да доведе до несакано медиумско внимание“.