Починал возач на автобус што превезувал српски матуранти на екскурзија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Возачот починал откако шеснаесет часа го возел автобусот со матуранти од Сремска Митровица на екскурзија во Северна Италија. Трагичниот настан што се случил во местото Лидо ди Јесоло во околината на Венеција, потресе група од околу 100 матуранти од медицинското училиште во Сремска Митровица кои тргнале на матурска екскурзија во Италија, пренесуваат српските медиуми.

Матурантите сѐ уште во шок од трагичниот настан, потвриле дека еден од возачите што ги возел на екскурзијата синоќа починал, најверојатно, како последица на срцев удар. Тие забележале дека возачот не се чувствувал добро за време на вечерата, а потоа состојбата му се влошила. Веднаш интервенирал докторот што ги придружувал матурантите на екскурзијата, но реанимацијата не успеала и возачот набрзо починал.

Учениците моментално се сместени во хотел во Лидо ди Јесоло и денеска според планираното треба да ја продолжат екскурзијата во Верона. Децата во вторникот наутро заминале на екскурзијата која според планот треба да трае до сабота.

Екскурзијата на матурантите од Сремска Митривица било планирано да се одвива во неколку етапи, почнувајќи од патувањето во Љубљана, со планиран одмор и продолжување на патувањето до Лидо ди Јесоло во околината на Венеција каде што се случил трагичниот настан.

Синоќа во околината на Венеција се случи уште една стравична несреќа откако автобус со туристи излета од патот и се запали. Во несреќата 21 лице загина, а уште дваесетина се повредени.

Share This Article