Синоќа во Офицерски дом – КИЦ Битола во Источната галерија изложба на Симона Мирчевска, насловена како “Пејсажни секвенци на еко – музеј”. Просторот на Источната галерија беше претесен да ги прими сите гости и поклоници на ликовната уметност кои вечерва со своето присуство дојдоа да ја поддржат младата Симона и да уживаат во делата на младата сликарка. На изложбата се обратија ликовниот уметник Панде Петревски и Драган Филевски, ликовен мецена и основач на ликовната колонија “ДеНиро”, за потоа ликовниот критичар Владо Ѓоревски на негов својствен начин, да даде длабок осврт за творечката семантика на Мирчевска.
Несекојдневно и возбудливо е кога во еден момент, на една иста локација , Офицерски дом -КИЦ Битола, во само еден час временска разлика ќе се случат три респектибилни ликовни изложби. Кога нештата се случуваат сами од себе, без никаква претенциозност , особено кога станува збор за ликовни дела кои заслужуваат внимание, тогаш работите се прифаќаат сосем нормално. По отворањето на изложбата на младиот ликовен уметник Симона Мирчевска во Источната галерија, во рамките на „Интерфест“ 2023, две самостојни изложби споени во едено ликовно доживување на истакнатите ликовни уметници, Драган Ангелковиќ и Слободан Вигневиќ. Околку триесетина дела во масло на платно и акрилик, од експресионизам до авторско видување на ликовните збиднувања поставени во Свечената сала на Офицерски дом, на Ангелковиќ и Вигнетиќ, претставуваа додедена вредност на вечерта исполнета со делата на Бах, Шуберт, Шопен, Албениз, Тевар, во изведба на Мануел Тевар – пијано од Шпанија. Ви пренесуваме дел од атмосверата. Битола ја живее својата есенска културна офанзива.После исклучителното 44-то издание на „Бараќа Манаки“, градот е европски центар на класичната музика благодарение на Интернационалниот фестивал на класична музика
„Интерфест“ 2023.