Дуелот од англиската Лига 1 во кој во вторникот се сретнаа Лејтон Ориент и Линколн Сити беше прекинат во 82. минута поради итна медицинска интервенција на трибините.
Навивач на Лејтон Ориент истрча на теренот за да го предупреди судијата дека на некој од трибините му е потребна итна помош. Го следеа уште неколку навивачи кои седнаа на работ од теренот и околу голот за да го спречат натпреварот да продолжи.
Медицинскиот персонал реагирал многу брзо и му пружил помош на навивачот на кој му била потребна покрај теренот, заедно со реанимацијата која била неопходна, пренесуваат британските медиуми. Навивачот на кој му се помага, како и лекарите кои случајно се нашле таму, биле скриени од очите на навивачите и од камерите со импровизиран екран.
По еден час беше одлучено натпреварот да не продолжи. Во тој момент Лејтон водеше со 1:0.
„Мислите на сите нас во клубот се со навивачот на кој му се слоши и со неговото семејство. Би сакале да им се заблагодариме на сите навивачи кои беа на Бризбејн Роуд и кои покажаа разбирање и сочувство во оваа исклучително тешка ситуација“, изјави Лејтон Ориент.
Слична порака излезе и од англиската фудбалска лига, од каде истакнаа дека одлуката за судбината на натпреварот, односно дали натпреварот ќе продолжи или ќе биде регистриран со резултатот што беше на сила, ќе биде донесена дури откако консултации со двата клуба.