More

    Приведени македонски и албански државјанин, затекнати при пустошење шума на Јабланица

    spot_img

    Денеска (04.10.2023) полициски службеници на Единицата за брзо распоредување во подножјето на планинскиот врв Стрижак на планината Јабланица го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ф.Н.(41), затекнат при нелегална сеча на шума, поради што се сомничи дека сторил кривично дело „пустошење на шума“, казниво по член 226 од Кривичниот законик.

    При преглед на теренот, била пронајдена и локацијата каде што исечените дрва биле складирани и подготвени за транспорт, каде бил затекнат на И.Б.(50) од с.Велешта, струшко, со патничко возило „ауди“, а на местото биле пронајдени околу 25м3 дрва, багер, пили, секира и други предмети поврзани со кривичното дело.
    Двете лица се приведени и ќе бидат предадени во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе следи соодветна пријава.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img