More

    Уапсени 22 лица за затајување данок: Го оштетиле српскиот буџет за 2,1 милијарда динари

    spot_img

    Јавното обвинителство за организиран криминал соопшти дека во Нови Сад и Суботица се уапсени 22 лица кои со злоупотреби при продажба на увезени половни автомобили го оштетиле српскиот буџет за повеќе од 2,1 милијарди динари.

    Уапсени се Р.Ш, С.К, З.К, А.К, С.В.К, Т.К, Ж.А, М.М, С.В, Ј.В, А.В, Н.Н, Д.Р, М.Г, М.С, А.Х, Д.Т, М.Е., С.Ѓ, А.Ф, В.М. и М.Б.П кои се товарат за даночно затајување и злоупотреба на положбата одговорно лице.

    Осомничениот Р.Ш. ја организирал таа криминална група под чија контрола седум фирми работеле во странство и седум во Србија.

    Криминалната група креирала лажна документација, по налог на шпедитерот, неопходна за увоз на половни автомобили, со потценување на вредноста на користени моторни возила и обезбедување на лажни обрасци ЕУР-1.

    Од 01.02.2019 до 03.10.2019 година се увезени 39.078 половни моторни возила, при што членовите на криминалната група на име лажни деловни исправи оствариле противправна финансиска корист од над 1,18 милиони евра, а шпедитерите 2,74 милиони евра.

    Претресот на просториите е во тек, а осомничените со кривична пријава ќе бидат изведени во ОЈО за организиран криминал, по што ќе бидат сослушани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img