Најмалку 21 лице загина, а околу 20 се повредени синоќа откако автобус со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запалил, соопштија локалните власти.
Официјални лица рекоа дека возилото паднало на далноводи и се запалило околу 19:45 часот.
Огромна, бескрајна трагедија. Јас сум без зборови. Апокалиптична сцена. Автобусот испаднал од надвозникот и се запалил. Излетал од патот. Падна од мостот. Не можете да замислите каква катастрофа е тоа“, изјави градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро за QN веднаш по несреќата.
„Тоа е голема трагедија за нашата заедница. Веднаш прогласив ден на жалост, во спомен на многубројните жртви“.
Потврдено е дека загинале 21 лице, а 13 се повредени, од кои некои потешко. Има четири деца. Трагедија, повторувам. Странски туристи. Се обидуваме да ги идентификуваме жртвите. Видов некои документи на тие кутри луѓе“, рече тој.
„Не можеме да разбереме како тоа може да се случи. Леташе право, има дупка. Не можеме да разбереме. Помошта пристигна веднаш. Дојдов веднаш. Најтешко повредените биле пренесени со хеликоптер, кој брзо пристигнал на лице место. Сите сме тука. Никогаш не сум видел толку сериозна трагедија. Сите сме тука. Има и свештеник кој се моли за овие кутри жртви“, рече градоначалникот.
Во несреќата животот го загубија новороденче од неколку месеци, 12-годишно момче и уште едно малолетно девојче, изјави за Анса Паоло Роси, координатор на локалната служба за итни случаи.
Познат е идентитетот на седуммината починати лица. Во несреќата загинаа 21 лице.
Меѓу 15-те повредени лица во текот на ноќта нема нови смртни случаи. Четворица од нив, на интензивна нега, се уште не се идентификувани.