Баерн ја продолжува серијата на неверојатни резултати во групната фаза од Лигата на шампионите.
Баварците синоќа го совладаа Копенхаген со 2:1 на гостински терен и стигнаа до 36 натпревари без пораз во прелиминарната фаза од елитното европско натпреварување.
На тие 36 натпревари Баерн оствари дури 33 победи и имаше само три ремија. Тие двапати успеаја да дојдат до бод од Ајакс и еднаш од Атлетико Мадрид. Меѓу жртвите во серијата е и Црвена Звезда која шампионот на Германија ја доби со 3:0 во Минхен и 6:0 во Белград.
Последниот пораз на Баерн беше во 2017 година, кога Пари Сен Жермен го победи со 3:0 во Париз.