More

    Ново истражување: Шолја чај дневно може да го намали ризикот од една болест

    spot_img

    Една шолја чај на ден може да го намали ризикот од развој на најчестиот облик на дијабетес, покажа новото истражување.

    Кај оние кои пијат чај, шансите за развој на дијабетес тип 2 биле за 28 отсто помали, а ризикот од развој на преддијабетес бил за 15 отсто помал. Како што пренесува Mirror, чајот го зголемува излачувањето на гликоза во урината, ја подобрува отпорноста на инсулин, а со тоа и контролата на шеќерот во крвта.

    Во оваа кинеска студија, повеќето испитаници пиеле поздрав темен чај.

    „Нашите наоди укажуваат на заштитните ефекти на редовното пиење чај врз регулацијата на шеќерот во крвта. Значајните здравствени придобивки од чајот, вклучувајќи го и намалениот ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2, се пријавени во неколку студии во последните години“, рече водачот на студијата, професор Тонгџи Ву.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img