Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа на навивачите на Олд Трафорд им подарија ново горчливо апче, а Андре Онана имаше уште една ноќ за заборав.
Онана летово пристигна од Интер во Манчестер Јунајтед за 55 милиони евра и со тоа стана третиот најскап голман во историјата. Само Кепа и Алисон се поскапи од него.
Навивачите на Јунајтед веќе го сметаат за големо промашување. На своето деби прими гол од центар против Ленс, против Баерн прими четири гола, по што се извини и рече дека е негова вина, но покажа дека може и полошо.
Во 76. минута при резултат 2:2, Онана по којзнае кој пат играше со топката. Тој беше нападнат од Икарди, а голманот на Јунајтед наместо да ја шутира топката, во лош обид да му ја додаде на соиграчот Касемиро.
Сепак слабата топка ја однесе офанзивецот на Галата Мертенс и се упати кон голот на Јунајтед. Касемиро мораше да го спречи со прекршок, па доби втор жолт картон. Така Онана во моментите кога се кршеше натпреварот го криеше пеналот и црвениот картон на соиграчите. Икарди го промаши голот од пенал, но пет минути подоцна погоди за победа на Галатасарај. На првите 10 натпревари во Јунајтед, Онана прими дури 18 гола.