Во објектот на осиекската компанија „Драва интернационал“ кај приградската населба Бријест, во средата по полноќ избувнал пожар на складирана пластика на отворен простор, кој професионални и доброволни противпожарни бригади се обидуваат да го локализираат, известија од цивилната заштита на Осиек.
Заменик-градоначалникот на Осиек, Драган Вулин, шеф на штабот, изјави дека станува збор за пожар од невидени размери.
На видеото кое самиот Вулин го објави на социјалните мрежи се гледа облак од густ црн чад кој се издигнал над компанијата. Ветерот го носи чадот од Осиек на југ, рече Вулин.