More

    Дистрибутерот вели во продажба нема производи позитивни на салмонела

    spot_img

    Атлантиц Траде Скопје ДОО Скопје како дистрибутер на асортиманот на компанијата Фереро во земјава, на барање на производителот Фереро, започна со превентивно повлекување на неколку серии на производите Киндер шоко бонс (46гр и 125гр) и Киндер surprise макси (100гр) од брендот Киндер.

    Повлекувањето, како што посочуваат од Атлантиц Траде Скопје ДОО Скопје, се однесува само на наведените производи, кои се произведени во Белгија, со следните лот броеви на пакување: Киндер surprise макси 100G L006LZB-NR, Киндер surprise макси 100G L330RZB-MJ, Kиндер шоко бонс 46G L293RZD-KX, Kиндер шоко бонс 46G L328RZD-MI, Kиндер шоко бонс 46G L336RZD-MU, Kиндер шоко бонс 125G L302R03— и Kиндер шоко бонс 125G L321R03—.

    „Атлантиц Траде Скопје соработува со локалните власти за безбедност на храна, по известување од производителот Фереро за можна поврзаност со одреден број пријавени случаи на салмонела во други земји, надвор од Македонија“, се вели во соопштението.

    Оттаму посочуваат дека иако ниту еден од производите Киндер пласирани на пазаров не е позитивен на салмонела, и не добиле поплаки од потрошувачите, пристапуваат со крајна сериозност бидејќи, како што наведуваат, грижата за потрошувачите е главен приоритет.

    „Сите други производи на Фереро, вклучувајќи ги и другите производи на Киндер, не се засегнати од ова превентивно повлекување на производи од пазарот. Атлантиц Траде Скопје делува за брзо повлекување на наведените производи од пазарот, и ги замолува потрошувачите доколку веќе поседуваат некој од горенаведените производи, да не го конзумираат. Истиот може да го вратат во продажното место од каде го купиле, како и да го контактираат тимот за грижа на потрошувачи на potrosacki-servis@ferrero.com“, се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img