More

    Антетокунмпо: Парите не се важни, важни се многу пари

    spot_img

    Милвоки Бакс силно се засили пред почетокот на новата сезона во НБА. Го доведоа Демијан Лилард од Портланд и сега бараат да станат шампиони по втор пат во четири сезони.

    Дел од навивачите на клубот од Висконсин ги загрижи фактот што најдобриот играч на Бакс, Џанис Антетокунмпо летово не ја искористи опцијата да потпише тригодишно продолжување на договорот вреден 169 милиони долари.

    Гркот имаше едноставно објаснување зошто не го направи тоа.

    „Нема смисла сега да го потпишам договорот бидејќи парите не се важни. Многу ебани пари се битни“, вели Гркот. „Ќе потпишам со него следната година. Сега нема смисла. Сакам да останам во Милвоки Бакс до крајот на мојата кариера, се додека продолжиме да победуваме. Едноставно е“, додаде тој.

    Во текот на наредното лето, Џанис ќе има право да потпише четиригодишно продолжување на договорот вреден 233 милиони долари, па разбирливо е зошто решил да почека. Постојниот договор важи од 2021 година, а од него за пет години ќе инкасираат 228 милиони зелени банкноти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img