Голем пожар избувна во Општина Зелениково помеѓу селата Вражани и Моране, каде што гори висока сува трева, нискостеблесто деградирано, смрека и млада дабова и габерова шума, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
„Противпожарни екипи од Скопје со возила се на терен, но еден крак од пожарот е веќе пројден на висок и непристапен терен. Поради теренската проценка која укажува дека е неопходна воздушна поддршка, испратен е еден хеликоптер на МВР да помогне во гаснењето на пожарот“, соопшти ЦУК.