More

    Институцијата Народен правобранител ќе работи на случајот со 17-годишникот со аутизам, за кој медиумите објавија дека бил изложен на нехуман однос во Психијатриската болница во Демир Хисар

    spot_img

    Институцијата Народен правобранител ќе работи на случајот со 17-годишникот со аутизам, за кој медиумите објавија дека бил изложен на нехуман однос во Психијатриската болница во Демир Хисар – најави денеска Васка Бајрамовска Мустафа, државен советник на Народниот правобранител.

    – Слушнавме за настанот, објавија повеќе медиуми. Согласно надлежностите, отворивме предмет по сопствена иницијатива. Ќе ги преземе сите мерки за испитување на случајот, имајќи предвид дека немаме директна претставка директно од родителот, како би можеле да ги добиеме основните податоци. Но и овие се доволни за да иницираме една постапка. Да бараме од надлежните органи да се направи надзор над работата на установата и, секако, да бараме соодветни информации за изнесени наоди на родителот преку медиумите за начинот на којшто детето беше третирано додека било сместено во установата – истакна Васка Бајрамовска Мустафа.

    Таа потсети дека лани исто така реагирала за здравствената установа од Демир Хисар за тамошните општи услови за третман.

    – Верувам дека што поскоро ќе бидат преземени мерки со цел ваквите установи, од аспект на кадар и од аспект на стручност и од аспект на третман и однос, да одговорат на стандардите кои ги налагаат меѓународните конвенции, бидејќи во спротивно кршиме многу права, кршиме многу закони и конвенции кои ги имаме ратификувано како држава – рече Бајрамовска Мустафа која учествуваше на панел-дискусија во Тетово на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img