More

    Ердоган се пресметува со Курдистанската работничка партија

    spot_img

    Турските безбедносни сили уапсија 928 лица во голема полициска акција со кодно име „Херои“. Турската полиција тврди дека се работи за антитерористичка операција. Медиумите во земјата пишуваат дека 110 од уапсените лица се осомничени дека имаат врски со Курдистанската работничка парија која е прогласена за терористичка организација во земјата.

    Акцијата доаѓа откако минатата недела бомба екплодираше пред турското МВР, а одговорноста за нападот ја презеде Курдистанската работничка партија.

     

     

    – До 8 часот и 30 минути низ Турција беа спроведени 466 антитерористички операции со учество на 13.400 припадници на безбедносните сили. Најмалку 55 осомничени за тероризам беа уапсени за време на операции во 16 провинции. Во рамките на акцијата „Херои“ уапсени се 12 членови на терористички организации во провинциите Мерсин, Ван, Шанлиурфа, Мардин и Ајдин – соопшти турскиот министер за полиција Али Ерликаја.

    – Во рамките на операцијата, која се одвива во 64 провинции, уапсени се 928 лица, а запленети се 744 парчиња нерегистрирано оружје – изјави Ерликаја.

    Претходно турскиот провладин весник „Јени Шафак“ објави дека турските безбедносни сили започнале операција против забранетата Курдистанска работничка партија во 18 провинции во земјата.

    „Националната разузнавачка организација и безбедносните сили ја започнаа операцијата „Заспана ќелија“ во 18 провинции со центар во Шанлиурфа против сепаратистичко-терористичката организација Курдистанска работничка партија. Досега во рамките на операцијата се приведени околу 90 осомничени за тероризам“, пишува весникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img