More

    По Барселона, сега и Реал Мадрид обвинет за подмитување судии

    spot_img

    Двата шпански фудбалски гиганти Барселона и Реал Мадрид се обвинети дека поткупувале судии во новиот скандал што го потресува шпанскиот фудбал.

    Случајот „Негреира“ во кој Барселона беше обвинета дека со години поткупувала судија и за возврат од него добивала помош на нејзините натпревари, ја отвори „Пандорината кутија“ и веќе е покренат нов случај. Овој пат за подмитување е обвинет и другиот шпански гигант – Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез.

    Поранешниот шеф на шпанската национална полиција, Хозе Мануел Виљарехо, јавно проговори против првиот човек на кралскиот клуб и рече дека Флорентино Перез ги поткупува судиите, со години е недопирлив и дека ништо не се случило поради тоа.

    – Флорентино Перез веќе ги подмитуваше судиите пред тоа да го направи Барса. За секој што ќе се осмели да го пријави Флорентино тоа би било самоубиство. Воопшто е невозможно да се суди и тоа да влијае на Флорентино Перез – обвини поранешниот началник на полицијата во Шпанија.
    Реал Мадрид веднаш одговори со официјално соопштение и најави дека ќе покрене правна постапка против Виљарехо врз основа на обвинувањата против првиот човек на клубот од Сантијаго Бернабеу.

    – Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез нареди итно да се покрене соодветна правна постапка против екс-комесарот Виљарехо поради лажни обвинувања на каталонското радио RAC1 – се вели во соопштението на Реал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img