На 02.10.2023 во 15.50 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во с.Удово, валандовско, го лишија од слобода А.Н.(26) од Скопје.
За него била распишана потерница, по наредба на Основен кривичен суд – Скопје, за издржување казна затвор од една година и шест месеци, а во врска со член 235 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.