More

    Момчето го молеше да престане со шегата, но на крајот му пукна филмот

    spot_img

    На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како јутјуберот Танер Кук (21) бил застрелан на 2 април во трговски центар во Вирџинија додека правел шега за социјалните мрежи.

    Кук го држеше својот телефон блиску до лицето на доставувачот Алан Коли, пуштајќи му фраза на уредот. Коли се оддалечи од Кук и неколку пати му кажа да престане, но јутјуберот продолжи да го следи. Во еден момент, Коли извадил пиштол и го застрелал Кук.

    Против него е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда, употреба на огнено оружје при извршување на кривично дело и внесување огнено оружје во зграда. Но, минатата недела, Коли, кој има дозвола за носење пиштол, беше прогласен за невин за тешки телесни повреди во пукањето, откако рече дека дејствувал во самоодбрана.

    Тој беше прогласен за виновен за помалото обвинение за пукање во зградата. Оваа пресуда беше обжалена. Еден од бранителите на Коли рече дека неговиот клиент се чувствува загрозен од Кук. Куршумот навлегол во стомакот и црниот дроб на јутјуберот, пишува Дејли мејл.

    Јутјуберот за време на судењето инсистираше дека нема поим дека го исплашил или налутил Коли за време на шегата и покрај тоа што доставувачот трипати му рекол да застане.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img