More

    Германскиот претседател повика на ограничување на приемот на бегалци во земјата

    spot_img

    Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави во понеделникот дека е за ограничување на приемот на бегалци во земјата, пренесува германската новинска агенција dpa.

    Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави за германската јавна телевизија АРД дека е потребен сеопфатен пристап за ограничување на бројот на бегалци, вклучително и воведување построга контрола на границите со другите европски земји и побрзи процедури на ниво на ЕУ за депортирање на баратели на азил чии барања се одбиени.

    Дополнително, според него, неопходно е да се осигура дека процедурите за верификација на лицата кои немаат шанса да добијат азил или кои имаат мали шанси да добијат азил, се спроведуваат на надворешните граници.

    „Ако успееме да го договориме ова, а фала богу сега сме на пат, ќе се намали и бројот на пристигнувања во Германија“, рече Штајнмаер.

    Миграцијата е повторно жешка тема во германската политика, особено во светло на регионалните избори во Хесен и Баварија и зголемената поддршка за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD).

    Канцеларот Олаф Шолц во интервју за медиумската група РНД на крајот на минатата недела изјави дека „бројот на бегалци кои сакаат да дојдат во Германија во моментов е преголем“.

    Германската влада во моментов преговара за миграциските договори со најмалку шест земји, пренесува dpa. Од една страна, на лицата без право на престој во Германија треба да им се дозволи да се вратат во својата татковина, а од друга страна, да го регулираат и доселувањето на квалификувани работници на германскиот пазар на труд.

    Специјалниот претставник назначен за склучување на договорите, Јоаким Стамп, е во разговори со повеќе земји, соопштија од Федералното МВР за ДПА. „Во моментов можеме да ги споменеме Грузија, Молдавија, Кенија, Колумбија, Узбекистан и Киргистан“, додаваат тие.

    Меѓу другото, германските сојузни покраини се почесто предупредуваат за преоптоварување во прифаќањето на бегалците. Федералната канцеларија за миграција и бегалци евидентирала повеќе од 204.000 барања за азил до крајот на август, што е за 77 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година. Покрај тоа, како резултат на руската агресија врз Украина, повеќе од милион луѓе од Украина кои не мораа да аплицираат за азил побараа засолниште во Германија.

    Во дебатата за тоа како Германија треба да одговори на бегалците и илегалната миграција, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер го отфрли предлогот за годишно ограничување за бегалците како што беше предложено од баварскиот премиер Маркус Седер.

    Минатата недела германската полиција воспостави дополнителни контроли долж границата со Полска и Чешка со цел да ја ограничи илегалната миграција. Иако пред неколку дена во Германија беа најавени стационарни гранични контроли, тие направија чекор назад и се одлучија за флексибилен модел за кој не треба да се известува Европската комисија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img