Таткото на Коста Кецмановиќ, момчето кое го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белрад е на чекор до слобода, дознава „Блиц“, а причината, се вели во текстот, е дека Вишото јавно обвинителство не го доставило балистичкото медицинско вештачење кое е клучно за донесување одлука за обвинение.
Според извор на „Блиц“, обвинителството има рок да донесе одлука во следниот месец, во спротивно таткото на момчето, Владимир К. ќе биде ослободен.
– Надлежното обвинителство во последните два месеци напиша повеќе итни барања и бара што поскоро да се достави предметот бидејќи без него не може да се донесе одлука за евентуалното обвинение против таткото поради сомнение дека тој не чувал обезбедено оружје. За тоа време вработените во Институтот заминаа на одмор, а за вештакот ништо не беше преземено – вели изворот запознаен со истрагата.
Законот во Србија предвидува дека доколку обвинителот не поднесе обвинение во рок од шест месеци од кога е одреден притворот, притворот се укинува.
Адвокатот Никола Ристовиќ за „Блиц“ вели дека ако таткото на момчето убиец евентуално биде ослободен, истрагата може да трае сè додека обвинителот не одлучи да поднесе обвинителен акт или да ја отфрли кривичната пријава. За тоа, наведува тој, нема законски рок.
Владимир К., татко на момчето убиец, е осомничен дека го обучувал својот син да пука, дека го однел на стрелиште и дека не го чувал оружјето соодветно. Притворот му беше продолжен на крајот на јули за уште три месеци, а според информациите на „Блиц“, притворот истекува на 30 октомври.
Таткото на Коста К. е осомничен дека сторил тешки кривични дела против општата сигурно, за кои се предвидува казна затвор од 12 години.
Коста К. на 18 јули сведочеше како сведок во кривичната постапка против неговиот татко. Неговото распит траеше четири часа, а тој одговараше на прашањата на обвинителот, адвокатот на таткото, како и на адвокатот на родителите на убиените деца за оружјето на неговиот татко, со кое убил осум девојчиња, едно момче и училиштен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
Коста К. во сведочењето рече дека не му било лесно да дојде до оружјето, а дека шифрата за сефот каде стоело оружјето ја видел кога татко му го отклучувал. Сепак, тој рече дека неговиот прв контакт со оружје не го овозможил неговиот татко, туку инструктор на стрелиштето.