More

    Путин нуди двојни плати, но никој не ги сака овие позиции: „Ризиците се големи“

    spot_img

    Руските функционери не сакаат да прифатат работни места во окупираните региони на Украина, и покрај ветувањата за повисоки плати, поради страв од украински напади, се наведува во извештајот на руските медиуми.

    Поради заканата од нова украинска контраофанзива во припоените региони, кои ги вклучуваат регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, руските власти не сакаат да преземат должности во тие региони, изјавија два извори блиски до Кремљ за независниот весник Медуза.

    Рускиот претседател Владимир Путин во септември минатата година потпиша указ за формално припојување на четири украински региони, со планови за нивно приближување до Русија, и најави двојни плати за нивните вработени, пренесува Инсајдер.

    Но, повисоките плати не се доволна мотивација во регионите каде што постои висок ризик од украински напади, изјавија двајца официјални лица за Медуза.

    Познаник на еден од функционерите кој добил министерска позиција на окупираните територии објаснил дека неговиот пријател би сакал да се врати дома во Русија, но не може. „Тоа е како дезертерство.

    „Секако дека сакав да и помогнам на мојата татковина и да напредувам, но таму е опасно, ризиците се големи, на пример од терористички напади“, вели еден од соговорниците на Медуза.

    Од крајот на минатата година Украина ослободи делови од источна Украина. Некои функционери беа убиени, меѓу кои и Алексеј Катериничев, службеник назначен од Русите во Херсон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img