Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свеќља, продолжи да објавува видеа и фотографии, наведувајќи дека тие се доказ за настаните во Бањска.
Вчера беше објавен нов материјал. Станува збор за фотографии од оружје, но и видео снимки на кои наводно се гледаат вежби и подготовки за напад извршен во централна Србија, односно во Копаоник и Пасуљански ливади. Во исто време беа објавени видеа на кои се гледаат, според Приштина, првичните напади, кога е убиен припадник на косовската полиција.
Овие снимки на вчерашната конференција пред медиумите ги презентираа косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свеќља и генералниот директор на косовската полиција.
Свеќља нагласи дека снимките се пронајдени во едно од запленетите дронови во Бањска, кое, како што рече, „било во рацете на терористите“.
Во описот на првото видео косовската полиција наведува дека е создадено на 26 август, а на него се прикажани снимки од Копаоник, односно одморалиштето и хотелот Греј во сопственост на Милан Радоичиќ, пренесува КосСев.
Второто видео, како што наведуваат, е снимено во близина на просториите во сопственост на Радоичиќ, а на него се гледа како облеката се тестира на термални камери.
Косовската полиција понатаму тврди дека другите снимки се направени на 20 септември на воениот полигон Пасуљанска Ливада.
Полицијата смета дека на следното видео е прикажана оперативна тактичка вежба за напад со поделба на повеќе групи и употреба на долги цевки и воена опрема.
„Групата симулираше напад, а беа симулирани и повреди на членовите на терористичката група, како и пружање прва помош“, велат од КП.
На следната снимка, како што тврдат од КП, се гледа дека групата наводно наишла на отпор, а се симулира и поддршка од оклопни возила.
Во исто време, косовската полиција објави две видеа во кои се наведува дека на нив се гледа почетокот на конфликтот меѓу групата и косовската полиција, во кој загина еден офицер.