Дизајнерката Викторија Бекам неодамна одржа ревија во рамките на Mодната недела во Париз, а на настанот присуствуваа многу познати ѕвезди. Сепак, најголем впечаток остави актерката Памела Андерсон.
Ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ на овој настан се појави во интересен фустан со цветни мотиви и широки ракави. За разлика од останатите посетители на модната ревија, Памела воопшто не се шминкала.
Фотографиите од таа вечер набрзо стигнаа на Твитер, а корисниците на оваа социјална мрежа наголемо ја коментираа одлуката на Памела да не се шминка.
И додека некои ја фалат, други, пак, пишуваат негативни коментари
„Нема шанси ова да е таа, воопшто не е убава“, „Изгледа како да има 70 години“, „Непрепознатлива, а тоа не го мислам на добар начин“, се само дел од коментарите…
Да потсетиме, во неодамнешното интервју за „Ел“ Памела зборуваше за процесот на стареење, а потоа истакна дека повеќе не сака да користи козметички производи за разубавување.
„Мислам дека колку што сме постари, сите изгледаме малку и смешно. Се смеам самата на себе кога ќе се погледнам во огледало. Мислам – ова ми се случува мене… Дали се случува? Треба човек да се навикне на тоа“, рече таа.
ФОТО: Инстаграм