Најмалку 25 лица се повредени во пожар во египетскиот град Исмаилија на Суецкиот канал, јави утринава француската агенција за печат, повикувајќи се на безбедносни извори.
Пожарот, чија причина е непозната, пред зори избувнал во седиштето на Управата за безбедност.
Неколку десетици амбулантни возила и пожарникари се на терен, а на пат се и два воени авиони, јавија државните медиуми.