More

    Експертите предупредуваат на сериозен германски проблем: „Никој не работи толку малку како Германците“.

    spot_img

    Зошто паѓа продуктивноста? Тоа е прашање што ја мачи германската економија. Како што пишуваат германските медиуми, недостиг на кадар има речиси во сите индустрии, па прекувремената работа не е исклучок, туку правило.

    Поплаките како „никој не работи толку малку како Германците“ во овој контекст може да изгледаат парадоксални, пишуваат германските медиуми.

    Истражувањата покажуваат дека продуктивноста во германската економија всушност се намалува, пишува списанието Fenix.

    Експертите тврдат дека „златните времиња поминале“. Посочуваат дека покрај високите трошоци за суровини и енергија, германската економија е под притисок и од недостигот на работна сила во речиси сите области.

    Недостигот од работна сила е евидентен во гастрономијата, јавниот транспорт, занаетчиството, но и во ИТ секторот, медицината, образованието.

    Со оглед на хроничниот недостиг на работна сила, многу компании се обидуваат да привлечат работници на секој начин. Некои се обраќаат кон работници од странство, други се обидуваат да го едуцираат својот персонал и на крајот да го задржат.

    Трети, пак, се обидуваат да се свртат кон помодерен пристап со воведување на четиридневна работна недела. Првите компании кои воведоа ваков тип на работно време со полна плата се задоволни од досегашниот начин на работа и остварените деловни резултати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img